Кој треба да прими втора бустер доза вакцина против ковид-19?

вакцинација
Вакцинација против ковид-19 во Шпанија / Фото: EPA-EFE/MIGUEL TONA

Во САД пред неколку дена е одобрена втора бустер доза за луѓе постари од 50 години. Кој и кога треба да ја прими оваа доза?

Според американската Администрација за храна и лекови (ФДА), оваа доза би требало да ја примат луѓето постари од 50 години, најрано четири месеци по примањето на првата бустер доза. Таа исто така се препорачува за сите постари од 12 години, кои имаат нарушен имунитет.

Оние кои како прва доза и прв бустер ја примиле вакцината „Џонсон и Џонсон“, сега можат да примаат „Фајзер“ или „Модерна“.

Истражувањата покажале дека нивото на антитела опаѓа како што одминуваат месеците, особено кај постарите лица со слаб имунолошки систем. Поради тоа, важно е да се знае кога е време за втората бустер доза, но исто така е важно да не се прима прерано, бидејќи тоа ѝ ја намалува ефикасноста.

Што се однесува до другите луѓе, кои во моментот не спаѓаат во групите кои би требало да ја примат втората бустер доза, можно е наесен и тие да бидат вклучени во листата, доколку бројот на заболени продолжи да расте, пишува „Си-ен-ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот