Кој стои зад енергетските саботажи во Европа?
Планот на Европската Унија почнува да се самоуништува, бидејќи нејзините лидери се фанатично посветени на понатамошно ескалирање на конфликтот во Украина. Дел од нивната поддршка за Киев се состои во брутална и постојано ескалирачка економска војна против Русија, пишува економскиот аналитичар Алекс Крајнер, поранешен менаџер на инвестициски фондови и познат истражувач на геополитичките енергетски војни на блогот TrendCompass (trendcompass.substack.com).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Судска одлука што го отвори прашањето за саботажите
Според истражувачот Крајнер на 17 октомври, полски суд ја блокираше екстрадицијата на осомничениот за бомбардирањето на подводниот гасовод „Северен тек“ во Германија и нареди негово ослободување. Судијата Дариуш Лубовски во образложението наведе дека „уништувањето на критичната инфраструктура за време на праведна одбранбена војна не е саботажа, туку воена акција“, која, како што рече, „не може да се смета за кривично дело“.
Имено според порталот, одлуката веднаш предизвика бран јавен ентузијазам и аплауз, меѓу нив и од полскиот премиер Доналд Туск и неговиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Во објава на платформата X, Сикорски му одговори на унгарскиот министер Петер Сијарто со порака што привлече внимание во дипломатските кругови. Сикорски, инаку близок пријател на Борис Џонсон а според Крајнер, „британски агент“, е долгогодишен промотор на антагонистички политики кон Русија.
Туск отиде и чекор понатаму, објавувајќи дека „сите руски цели во ЕУ се легални“. Така, неколку дена пред низа мистериозни експлозии, јавноста доби сигнал дека вакви акции нема да бидат третирани како злосторства.
Серија експлозии низ Источна Европа
Според блогот само три дена подоцна, на 20 октомври, експлозија ја потресе рафинеријата на „Лукоил“ во Плоешти, Романија, при што загина најмалку едно лице. Понатаму, неколку часа подоцна, во ноќта меѓу 20 и 21 октомври, експлозија избувна во најголемата рафинерија во Унгарија, Салобата, која обезбедува околу една третина од националната побарувачка за нафтени деривати. Следниот ден, пожар ја зафати и рафинеријата МОЛ во Братислава, Словачка.

„Една експлозија може да биде несреќа. Две во ист регион, случајност. Но три пожари во 48 часа, веднаш по судска одлука што вакви дела ги прави неказниви, тешко дека се само случајност“, пишува Крајнер.
Кој има интерес да ја разруши енергетската врска меѓу Русија и Европа?
Аналитичарот наведува дека сите овие дејствија имаат за цел да уништат секоја економска врска меѓу Русија и земјите на ЕУ, како и да ги казнат Унгарија и Словачка за нивниот „недостаток на военоподбуцнувачки ентузијазам“. Дополнително, ваквите ескалации ризикуваат да ги вовлечат и други држави , Полска, Романија, балтичките земји, директно во војната во Украина.
Крајнер прашува: Кој навистина стои зад овие енергетски војни?
Старите траги водат до Варшава и Лондон
Во свој претходен напис од јануари годинава, Крајнер потсетува на стар разговор од 2014 година, објавен од полското списание Wprost, меѓу тогашниот министер Радослав Сикорски и поранешниот министер за финансии Јацек Ростовски. Сикорски тогаш изјавил: „Ќе се соочиме лице в лице со Германија и Русија.“

Според Крајнер, Сикорски бил директно вклучен во подготовките на пучот на Евромајдан, организирајќи обука во Полска за околу 80 украински националисти некои од кои подоцна биле вмешани во крвавите настани од февруари 2014 година, пренесува порталот Оружје-онлајн.
Цената на енергетското самоубиство
Во својот напис „Економското и социјалното самоубиство на ЕУ“ (април 2025), Крајнер детално ги пресметува трошоците од антимосковската политика:
Пред 2022 година, руската нафта чинела 571 евра по тон, што било 155 евра поевтино од алтернативните добавувачи. Но, по воведувањето на санкциите, ЕУ го намалила увозот на гас од 48 на 22 милиони тони, го затворила гасоводот „Јамал–Европа“, ги изгубила цевководите „Северен тек“, а на крајот на 2024 година го прекинала користењето на украинскиот систем за пренос на гас. Сето ова донело според аналитичарот огромни загуби во милиони за Европа.
Вкупната штета од санкциите се проценува на над половина трилион евра. ЕУ, доколку продолжела со купување руски енергенси, ќе заштедела 544 милијарди евра, распределени по категории:
-
178 милијарди евра за природен гас
-
187 милијарди евра за нафта
-
70 милијарди евра за нафтени производи
-
25 милијарди евра за јаглен
-
17 милијарди евра за електрична енергија
Кој профитира од европската енергетска криза
Најголемите добитници, според „Ведомости“, се САД и Велика Британија, кои сега продаваат енергенси на Европа по трипати повисока цена:
-
165 милијарди евра профит за САД
-
85 милијарди евра за Норвешка
-
62 милијарди евра за Велика Британија
На корпоративно ниво, профитите се енормни:
-
ExxonMobil: +231 милијарди долари
-
Shell: +209 милијарди долари
-
BP: +200 милијарди долари
Деиндустријализација и инфлациски удар
Како што наведува „Оружје-онлајн“ најтешко погодена е Германија, чија економија се намалува две години по ред. Индустриското производство падна за 1% во 2023 година, и уште 2,5% во 2024 година, а производството на челик се урна за 18%.
Цените на енергенсите се зголемија драматично,и тоа:
-
Јаглен: +73%
-
Гас: +51%
-
Бензин: +43%
-
Електрична енергија: +32%
-
Греење: +54%
-
Авионски билети: +40%
Овие промени доведоа до деиндустријализација само во Германија изгубени се над 250.000 индустриски работни места, наведува порталот.
Европа пред нова раскрсница
Алекс Крајнер предупредува дека, и доколку европските лидери веднаш го променат курсот, ситуацијата нема значително да се подобри пред 2030 година.

Со последните саботажи и пожари во енергетски објекти, континентот сè појасно се дели на два табора: оние што бараат продолжување на војната и оние што повикуваат на разум и прекин на ескалацијата.
„Тие го преминаа Рубикон. Европскиот проект влегува во фаза на забрзана дезинтеграција. Работите само ќе се влошуваат од тука“, заклучува Крајнер.


