Кој ќе освои Златен глобус, ќе добие и луксузен подарок вреден дури 500.000 долари: Еве што има во пакетот подароци

Фото: EPA-EFE / CHRISTIAN MONTERROSA /Принтскрин Инстаграм / Dream79 - Fotolia /Flickr

Освен златната статуетка на доделувањето на наградите Златен глобус, победниците ќе добијат и раскошен пакет со подарок што ќе содржи производи во вредност од 500.000 долари.

Толку пари заработуваат 2,9 отсто од домаќинствата во САД за една година, според податоците на Бирото за попис во 2020 година.

Доделувањето на 81. Златен глобус ќе се емитува на „Си-би-ес“ на 7 јануари, а церемонијата ќе ја води комичарот Џо Кој.

Американскиот магазин за луксузен животен стил „Роб репорт“ (The Robb Report) подготвил 35 екстравагантни производи и искуства. Пакетот вклучува патувања и искуства, производи и препарати за убавина, како што наведува „Холивуд репортер“.

Ѕвездите кои ќе ја добијат престижната награда, ќе добијат вреден подарок. Вкупно 83 од нив ќе добијат барем еден од понудените специјални подароци. Со тоа, тие сакаат да се осигураат дека примателите ќе ги изберат понудите што сакаат да ги прифатат.

Некои од патувањата од кои секој победник ќе може да избере се две ноќевања во Бургундија, Франција, за 2.200 долари, закуп на луксузната јахта „Селестиа Финиси“ на пет дена/четири ноќи во Индонезија, во вредност од 50.000 долари, петдневно луксузно искуство на Кајманските острови во „Риц-Карлтон Гранд Кајман“, кој вклучува превоз и искуство на јахта, сето тоа вреди 20.000 долари.

Меѓу производите се издвојува скапиот кавијар на брендот „Кавиар Русе“ (Caviar Russe) вреден 545 долари, кој може да го избере секој од победниците. Потоа, еден добитник ќе може да избере за подарок шест шишиња од најскапото вино на светот, „Либер Патер“ (Liber Pater), кои вредат дури 193.500 долари.

Меѓу подароците се издвојуваат и пар смарагдни обетки „Коми х Музо“ (Coomi x Muzo) вредни 69.000 долари, како и запалка „Гранд дипон“ (Le Grand Dupont) во вредност од 1.595 долари, која ќе биде подарена на 10 добитници.

Луксузниот магазин што го подготви овој подарок пакет ќе направи дарежлива донација на Фондацијата Златни глобуси за поддршка на организации кои вклучуваат уметност, образование, новинарство и хуманитарни проекти.

Златен глобус 2024: Филмовите „Барби“ и „Опнехајмер“ со убедливо најмногу номинации

Златен глобус 2023: „The Banshees of Inisherin“ и „The Fablemans“ со блескава победа на годинашните филмски награди

Џејми Ли Кертис е позитивна на Ковид-19: Актерката е тажна бидејќи ќе пропушти бројни филмските награди

Крис Рок и комичари од А-листата на Холивуд одбиле да бидат домаќини на „Златните глобуси“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот