Фото: Ивица Томовски / Фејсбук

Кој ќе биде нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ? Едно име веќе се спомнува

Актуелниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, е сериозен кандидат да стане нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Фокус“ повикувајќи се на свои информации.

Владејачката партија на почетокот на следниот месец ќе одржи редовен изборен Конгрес, на кој се очекува трет последователен претседателски мандат да добие Христијан Мицкоски, кој веќе најави големи промени во структурата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски подолг период наназад најавува дека по конгресот, кој треба да се одржи на 6-ти декември во Кавадарци, ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и во Владата, меѓутоа не открива кого ќе опфатат овие кадровски промени.

Откако Мицкоски за првпат стана партиски лидер на валандовскиот Конгрес во 2017 година, потпретседатели на партијата непрекинато досега се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за одбрана Владо Мисајлковски.

По последниот Конгрес одржан во Скопје пред четири години, пак, нови потпретседатели станаа тогашниот градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски, кој во меѓувреме стана министер за надворешни работи, како и актуелната министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот