Кој е кинескиот милијардер осуден на 18 години затвор

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Кинескиот милијардер Сун Даву (67) е осуден на 18 години затвор. Тој е уште еден од низата казнети бизнисмени кои ја критикуваат власта во таа земја. Како што пишува Би-би-си, Сун раководи со една од најголемите приватни аграрни фирми во северната провинција Хебеи.

Тој порано отворено зборуваше за човековите права и за политички чувствителни теми.

Прогласен е за виновен за „провокативен говор и предизвикување неволји“, што претставува обвинение кое често се користи против активистите во Кина. Освен тоа, обвинет е за нелегално поседување земјиште, собирање толпа за напад на државни агенции и опструирање на владини работници при вршење на нивната работа.

Компанијата на Сун е една од најголемите во земјата, а се занимава од производство на месо и храна за домашни миленици, до снабдување на болници и училишта со храна.

Тој лани беше притворен, заедно со 20 роднини и соработници, поради спор со земјоделски комбинат во државна сопственост. Во таа пригода, како што јавува Франс прес, во инцидентот биле повредени десетина негови вработени.

Сун е близок со некои познати кинески дисиденти, а ја критикуваше и владината рурална политика. Тој отворено ја обвини владата дека ја прикрила епидемијата на свински грип која нанесе директна штета на неговата компанија.

Сун ги негираше сите обвиненија и за себе рече дека е истакнат член на Комунистичката партија. Но призна дека направил грешка со тоа што објавувал пораки на интернет.

Кина, како што пишува Н1, води кампања против компании и претприемачи во земјата. Големите технолошки фирми, меѓу кои Алибаба, Диди и Тенцент, се на мета на истраги.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот