Кои се петте сектори отпорни на кризата: Еве што покажуваат резултатите од „Wall street“

Инвеститорите полека се подготвуваат актуелната сезонска објава на економски резултати да го покаже најголемиот пад на корпоративната заработка уште од финансиската криза.

На тргувањето на „Wall street“ во вторникот беше забележан пораст на најважните индекси, при што Дау Џонс за повеќе од 500 бодови, благодарение на зголемениот интерес за акциите од енергетските компании, додека инвеститорите се подготвуваат за една од најлошите сезонски објави на квартални корпоративни заработки од 2008 година.

Дау Џонс индексот порасна за 557,51 бод или 2,14 отсто и сега изнесува 26.643 бодови, додека „Ѕ&P 500“ зајакна за 1,4 отсто и се искачи на 3.197 бодови, а „Nasdaq“ забележа раст оа 0,94 проценти и достигна 10.488 бодови.

Меѓу секторските индекси, најмногу пораснаа енергетските, индустриските, суровинските, здравствените, како и секторот потрошувачка.

Банкарскиот сектор вчера забележа загуба, откако трите големи американски банки, „JP Morgan, Wells Fargo и Citigroup“ соопштија дека резервирале вкупно 28 милијарди долари за потенцијални лоши заеми за своите клиенти погодени од пандемијата од корона вирусот.

И додека „JP Morgan и Citigroup“ известија за мала добивка во вториот квартал, „Wells“ ја забележа првата тримесечна загуба од финансиската криза во 2008 година и тоа во висина од 2,4 милијарди долари, па ја намали дивидендата на 10 центи по акција.

Инвеститорите полека се подготвуваат актуелната сезонска објава на економски резултати да го покаже најголемиот пад на корпоративната заработка уште од финансиската криза.

На европските берзи кај најголемиот дел од важните индекси исто така во текот на вчерашното тргување беше забележан пад при што франкфуртскиот „DAX“ забележа опаѓање од 0,8 отсто, а парискиот „CAC“ за 0,96 проценти. Лондонскиот „FTSE“ индекс на тргување заврши во благ пораст од 0,06 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот