Кои се најконтроверзните фудбалски трансфери во последните 20 години

Навивачите не можат да им простат на фудбалерите од омилените клубови кога ќе преминат во редовите на најголемиот ривал, или кога ќе го „предадат“ клубот поради себични причини.

Луис Фиго е актер на едно на најголемите предавства во историјата на фудбалот, а не само во последните 20 години.

твитер

Португалецот со голем успех настапуваше за Барселона која на 24 јули 2000 година остана шокирана заедно со навивачите, бидејќи Фиго на тој ден направи трансфер во најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез токму со Фиго го започна својот проект за 21 век, создавањето на „галактикоси“.

Навивачите на Барселона никогаш не му го заборавија предавството и на првото гостување во дресот на Реал, фановите беа подготвени да го линчуваат, но најпозната слика од тоа Ел Класико е свинската глава со која се обидоа да го погодат Фиго.

Навивачите на Арсенал, на првото место на црната листа го ставија поранешниот англиски репрезентативец Ешли Кол.

Навивачите не можат да му простат на Кол кој ги помина младинските школи на Арсенал и шест години играше за првиот тим, за во 2006 година да се пресели во редовите на градскиот ривал, Челси.

twitter/invincibles Arsenal

Кол беше дел од шампионската генерација на Арсенал која ја освои титулата во Премиер лигата без пораз, но преку ноќ се замери со сите обвинувајќи го клубот дека не го третира како што заслужува.

Тој зад грбот на Арсенал преговараше со Челси поради што мораше да плати голема парична казна. Кога заврши аферата и Кол се пресели во Челси, навивачите на Арсенал го нарекоа „Кешли“ алудирајќи дека си замина од клубот поради пари.

Уште еден фудбалер кој осум сезони играше за Арсенал, го предаде клубот. Робин Ван Перси иако беше миленик на менаџерот Арсен Венгер, во 2012 година одлучи да побара трансфер и тоа во еден од најголемите ривали, Манчестер јунајтед за да може да освојува титули.

твитер

По неколкумесечни препукувања низ медиумите, Венгер му дозволи на Ван Перси да замине во Јунајтед, а сол на раната на навивачите на „топчиите“ беше освојувањето на шампионската титула уште во првата сезона како член на „црвените ѓаволи“.

Сепак во последните 20 години, Арсенал се најде и во улога на грабливец преземајќи играч од најомразениот ривал, Тотенхем.

Во 2001 година капитенот на Тотенхем, Сол Кемпбел, откако му заврши договорот, тој одлучи да се пресели во северен Лондон, и тоа за екипата на Арсенал. Кемпбел за навивачите на Тотенхем е најголемиот предавник во историјата и сè уште е безбедно да се спомене неговото име во присуство на фан на Тотенхем.

EPA/Tom Hevezi

Најконтроверзниот трансфер во италијанската Серија А се случи на 26 јули 2016 година кога за сума од 90 милиони евра, Гонзало Игуаин го засили Јувентус и зад себе остави армија на бесни навивачи на Наполи.

twitter/juventusfc

Иако навивачите се колнеа во својот миленик кој претходната сезона постигна дури 36 гола во Серија А, Игуаин поради лошите односи со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, прифати да потпише за Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот