Кои се 69-те носители на МКарта, истакнати македонски државјани во дијаспората

Одлуката да се додели МКарта за заслужните од дијаспората се заснова на Законот за надворешни работи (доделување признанија и благодарници), за што постои и интерен правилник.

Давањето МКарта на 69 наши граѓани во дијаспората е симболична чест и знак дека не сме ги заборавиле. Тоа е еден вид почит и внимание за тие луѓе кои се истакнати личности во земјите во кои што живеат и работат и порака до нив „ да се вклучат во нашиот развој“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за листата на лицата кои добиле МКарта.

Станува збор за научници, лекари, бизнисмени и уметници со македонско потекло што живеат во странство, а се истакнале во својата дејност и ја промовирале Македонија во земјата во која живеат и работат и истовремено имаат желба и интерес да бидат дел од развојот и општествените процеси во Македонија.

„МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од дијаспората, кои имаат дадено посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојува, за подобрување на меѓународниот углед на државата или е познат и признаен професионалец во струката. Истата е со ограничен рок на траење од четири години“, изјавија од МНР за „Слободен печат“.

Инаку, листата беше објавена уште во 2021 година кога Османи ја промовираше Мкартата и на неа се наши државјани кои живеат и работат во Данска, Германија, Франција, Норвешка, САД, Полска, БиХ…, а повеќето од нив беа објавени и на Фејсбук страницата на Министерството за надворешни работи.

Одлуката да се додели МКарта за заслужните од дијаспората се заснова на Законот за надворешни работи (доделување признанија и благодарници), за што постои и интерен правилник. Одлуката ја донесува министерот, на предлог на шеф на дипломатско-конзуларно претставништво на Северна Македонија во странство или друг државен орган, а во процесот е вклучен и Секторот за дијаспора при МНР.

Доделувањето вакви признанија од Министерството е во согласност и со Акцискиот план на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2019-2023. Досега се избрани 69 луѓе, но „детектирањето“ истакнати лица од дијаспората продолжува, а бројот на тие што ќе добијат Мкарта не е ограничен.

Досега, во соработка со Министерството за култура и Министерството за внатрешни работи се договорени две поволности – забрзан влез во државата и бесплатен влез во културни установи (музеи, театри и сл.).

Во продолжение е целата листа на 69-те носители на МКарта:

ПРОЕКТ МКарти: Кои се истакнатите претставници на дијаспората први носители на МКарта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот