Кога виделе учениците што има облечeно наставничката останале без зборови! Фотографиите го обиколија светот (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Наставничката Вероника Дукју која се потрудила да ја визуелизира својата лекција по анатомија, воодушеви илјадници корисници на социјалните мрежи откако се проширија фотографии од нејзиниот час.

Вероника која работи како наставничка веќе 15 години, облекла костим кој го покажува распоредот на органите и мускулите во телото на човекот.

Причината која ја натерала на ваков чекор е бидејќи сфатила дека нејзините ученици имаат потешкоти да го совладаат тој материјал.

Гордиот сопруг на наставничката ги објавил фотографиите од својата жена на Твитер со следниот статус:

– Многу сум горд на овој вулкан од идеи, која за моја среќа ми е сопруга. Денеска ја објасни човековата анатомија на учениците и тоа на многу оргинален начин. Децата буквлано „полудеа“. Сјајна Вероника.

Неговиот пост има повеќе од 65.000 лајкови, а сликата и понатаму се шири на социјалните мрежи и бележи бројни позитивни коментари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот