КОГА МЕ ВИДЕ СЕ СВРТЕ И СИ ЗАМИНА: Марина е родена со младеж на лицето, но тоа не ја спречи да стане ИНСПИРАЦИЈА ЗА МНОГУМИНА (ФОТО)

„Се викам Марина Арсиќ. Родена сум со младеж преку целата лева половина од лицето. Мислеле дека е меланом, дека ќе живеам само 40 дена, се оперирав, ми остана лузна, а денес, 20 години подоцна кога би ме прашале дали својата лузна би ја заменила, јас би кажала само едно огромно: Не!, за било што на светот“, вака за српскиот портал Блиц ја започнува приказната оваа млада девојка, студент по турски јазик и голема инспирација за сите кои некогаш се почувствувале дискриминирани на било кој начин.

И токму таа, пред неколку денови, всушност не прв пат, била мета на дискриминација, неоснована, болна и во крајна мерка многу глупава. За неа Марина проговори на социјалната мрежа Твитер, а тогаш доби голема поддршка од стотици луѓе и така покажа дека светот може да биде поинаков.

„Станува, заминува од мене, а мојата реакција е да нема реакција“

– Привршувам со ручекот. Мензата е речиси празна. Секаде наоколу се празни столиците и масите. Еден дечко зема послужавник и седнува дијагонално од мене и има директен поглед на мојата лузна. Неколку моменти само гледаше во мене. Потоа ги собра своите работи, кои штотуку ги спушти на масата, го зема послужавникот и отиде на другиот крај на мензата, прераскажува Марина. Нејзината реакција, како што постојано вели, е да нема реакција.

Марина раскажува дека толку пати се нашла во ваква ситуација, што веќе тие и се секојдневие.

– Во јавниот превоз еден човек започна да се крсти штом ме виде, извади бројаница и отиде на другиот крај на автобусот. Една жена ме застана на сред улица, близу факултетот, да ме праша дали може да ме допре и навистигна посегна со прстот да го допира моето лице, раскажува оваа храбра девојка за се што и се случило досега, па потоа поентира:

„Што можеме да направиме по тоа прашање? Колку е виновно детето, толку е виновен и родителот кој не го воспитал на вистинскиот начин. Живееме во 21-от век. Толку можности и привилегии на ова време, но што ни вреди кога немаме домашно воспитување“, заклучи таа.

Таа објаснува дека некогаш не може да верува дека вакви работи се случуваат генерално, не само на неа, и дека луѓето и покрај проблемите од егзистенцијална важност и сите секојдневни обврски, наоѓаат време да го „забодат носот таму каде што не им е место“.

Кажале дека е меланом, а всушност бил младеж

– Родена сум со младеж преку целата лева половина од лицето. Кога сум се родила целата лева половина од лицето ми била влакнеста и со темно кафена боја. Бев првото бебе со нешто такво на лицето во целиот регион.

Неискусните доктори тогаш кажале дека станува збор за меланом и дека ќе живеам 40 дена. Можете ли да замислите како се чувствувала нејзината мајка тогаш? Таа вели дека ниту ден денес неможе.

– Сосема случајно стапивме во контакт со еден пластичен хирург, кој кажа и потврди дека станува збор за најобичен младеж, само што се наоѓа на чудно место, има чуден облик и големина. Значи, станувало збор само за младеж и за проблем од естетска природа. Постоеа две опции – истакнува Марина објаснувајќи дека едната опција била да остане како што е, а другата да ја оперираат односно да извршат трансплатација, за да се спречат компликации: да не го чукне младежот, да го раскрвари, па така дополнително да се искомплицира работата.

Операцијата и лузната која променила се

Операцијата била извршена кога Марина имала само една година и неколку месеци, така што на самата операција и болката не се сеќава, а мајка и и раскажувала дека тогаш и било многу тешко да ја одгледува, бидејќи, како што вели, гледаш бебе завиено во завои, а не можеш да му помогнеш.

Операцијата како што раскажува, поминала вака – младежот бил отстранет, кожата од долниот дел на грбот била пресадена на лицето (сите 3 слоја на кожата), а кожата од внатрешната страна на бутовите (само 1 слој) е пресадена на долниот дел од грбот. И оттогаш јас повеќе немам темно кафен, влакнест младеж на левата половина од лицето, туку лузна – вели Марина чиј живот отогаш почнува да и носи секакви искуства.

Како што поминувало времето, Марина растела со видлива лузна преку целата лева страна на лицето. Никој не сакал да се дружи со неа. Никој не сакал да седи до неа, ниту во градинка, ниту на училиште. На приредбите секогаш била „вишок“, како што вели. Кратко и јасно, луѓето ја избегнувале на сите можни начини.

А потоа пресвртница. Марина наполнила 14 години и тогаш едно случување во целост го променило понатамошниот тек на нејзиниот живот.

„Мојата јакна ќе стои тука!“

– Чекаме пред кабинетот да дојде наставникот. Ја спуштам својата јакна на клупата. Еден дечко, кој учи заедно со мене во одделението, мојата јакна хистерично ја фрла на подот. Јас без никаква реакција ја подигнав својата јакна и ја вратив на клупата и така уште два пати. Третиот пат го повишив тонот и кажав: „Мојата јакна ќе стои тука! Тоа беше првиот пат во мојот живот кога се изборив за себе на некој начин.

Реакцијата на присутните беше „Дали се слушна гласот на Марина? Таа девојка знае да зборува? После тој час тргнав кон домот и на пат во глава ми одекнуваше мојата реченица „Мојата јакна ќе стои тука“. Дојдов дома, застанав пред огледало и прв пат на себе си си кажав: Убава сум!, остро и многу храбро.

Тогаш ја променила својата фризура, ја тргнала косата од лицето, за прв пат во животот. И оттогаш животот и оди во сосема друга насока.

– Оттогаш не барам вина за својата лузна во Бог или во мојата мајка, туку сфаќам дека сум таква каква што сум и дека тоа не можам да го променам. Сфаќам дека имам глас кој може да дојде до нечии уши и да предизвика некаква реакција. Оттогаш јавно говорам за својот „проблем“ и јасно ги изнесувам своите ствови, раскажува таа и додава дека нејзината лузна не би ја менувала за ништо.

– Некој да ми каже, дојди, процесот трае само 2 минути, 2 минути и лузната ќе изчезне, јас би кажала НЕ. Би кажала не бидејќи тоа би било како некој да ми ги одземе тие 14 години тага, бес, солзи, но и искуството и тогаш тоа не би била јас, тоа не би била оваа Марина, заклучи оваа храбра девојка.

Неостварени желби

А желби? Ги имам многу!

– Би го издвоила волонтирањето во Африка, поточно во Танзанија. Тој континент, луѓето кои живеат таму, начинот на кој тие живеат. Тие се генерално скромни (барем тоа е мојот личен впечаток) и мислам дека секој од нас има еднакви права што се однесува на некои основни животни процеси (првенствено мислам на вода и храна), а подоцна и право на едукација, со насмевка раскажува скромната Марина која е студент, активист, борец за човековите права и ако смееме да додадеме, девојка со насмевка која може да ја прегрне планетата.

Браво Марина!!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот