Кога ќе се спојат татко и син се создава магија: Бочели и неговиот наследник го испеаја хитот „Fall on me“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

По импресивниот концерт за католичкиот Велигден, легендарниот тенор Андреа Бочели уште еднаш покажа со каков ангелски глас располага.

Овојпат, гостувајќи во емисијата на водителот Џејмс Корден, познатиот Италијанец заедно со својот син Матео го изведе хитот „Fall on me“.

Бочели Јуниор е зад клавирот, на кој свири во семејниот дом, а потоа и почнува да пее во друштво со неговиот славен татко.

Дека Андреа и Матео навистина направија фантастична работа, сведочат и бројните позитивни коментари на Јутјуб.

„Каков татко, таков син. Талентот и добриот изглед мораат да бидат дел од ова семејство. Една од најубавите песни која некогаш е напишана. Тие двајца заедно се рај за слушање“, гласеа само некои од коментарите.

Во продолжение погледнете како Андреа и Матео Бочели ја изведоа песната „Fall on me“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот