Коди Гакпо во Ливерпул до јуни 2028 година

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Веќе е познато дека Коди Гакпо е нов играч на Ливерпул, а сега се објавени информации и до кога ќе му трае договорот.

Според новинарот Фабрицио Романо, холандскиот репрезентативец ќе го носи дресот на „црвените“ до јуни 2028 година.

Вкупно шест години ќе биде дел од „Енфилд“, а договорите се подготвени.

Од 2018 година ги бранеше боите на ПСВ во чиј дрес 23-годишното крило постигна 36 голови во 106 настапи.

Со најдобрата холандска репрезентација учествуваше на Светското првенство во Катар каде реализираше три погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот