Pixabay

„Коцката е фрлена“ – Оваа легендарна изрека Цезар ја изговорил на денешен ден пред многу векови

„Коцката е фрлена“ е еден од најпознатите цитати во човечката историја. И денес значи донесување ризична одлука по која нема враќање назад.

Реченицата „Коцката е фрлена“ („Alea iacta est“) ја изговорил Јулиј Цезар на денешен ден во 49 година п.н.е. откако решил да ја премине реката Рубикон со својата 13-та легија и да се упати кон Рим.

Со тој чин, и Цезар и неговите легионери биле автоматски осудени на смрт според Римскиот закон, бидејќи Рубикон, рекичка во Северна Италија, била со римското право дефинирана граница, јужно од која ниту еден римски генерал не смеел да води војска.

Што всушност рекол Цезар?

Интересно е што реченицата всушност не ја изговорил Цезар, туку ја презел од Менандер, неговиот омилен писател од Грција. Според некои автори, Цезар всушност рекол: „Alea iacta esto“ што би значело: „Нека паднат коцките“.

Кога Цезар рекол: „Коцката е фрлена“, тој го кажал тоа во контекст на патот без враќање на кој тргнал.

Сепак, Цезар успеал да ја добие граѓанската војна што следела, и бидејќи членовите на Сенатот избегале од Рим, смртната казна врз него и легионерите никогаш не била извршена.

Каде е Рубикон денес?

По Цезар, реката Рубикон станала позната. Освен „Коцката е фрлена“, од тоа време доаѓа и изреката „Да се премине Рубикон“, што исто така значи донесување ризична одлука по која нема враќање назад.

Но, каде е Рубикон денес? За почеток, нема докази дека Цезар всушност ја преминал Рубикон, а многумина оспоруваат дека воопшто станува збор за таа река. Според една верзија, Цезар всушност ја изговорил легендарната реченица додека ја преминувал денешната река Фјумичино во горна Италија, а според друга, реката Пискатели во близина на Равена, границата меѓу Италија и Галија.

Што се однесува до Рубикон, денес е повеќе поток отколку река и тоа еден од најзагадените потоци во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот