Концертот ќе се одржи на 19 јануари, со почеток во 21 часот

Кочанскиот бенд „Корка“ ќе ја заврши својата прва турнеја со концерт во „Котур“ во Скопје

Финалниот концерт на првата интернационална турнеја на младиот кочански бенд „Корка“ ќе се одржи на 19 јануари, со почеток во 21 часот, во кафе и филм „Котур“ во Скопје.

Турнејата почна на 3 јануари со концерт во Приштина, а потоа следуваа настапи во Подгорица, Задар, Љубљана и Белград. Оваа турнеја доаѓа по неколку настапи на „Корка“ надвор од Македонија во текот на минатата година.

„Корка“ го издадоа своето прво самонасловено ЕП во мај 2025 година и веќе се добро познати на македонската публика. Тие се истакнуваат отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки ноиз-звук.

– Нашите кочански ноиз рок-херои се враќаат дома. Тие годината ја почнаа со концертна прошетка во границите на нашата поранешна држава, покажувајќи им што значи автентичен младешки крик. Но, сега е време да ги пречекаме и да видиме што научиле на пат.

Тие ќе свират во „Котур“, во истото место каде што пред една година, пред да го издадат својот албум, пред да свират надвор од државата, пред да освојуваат награди по Европа, многумина надвор од нивниот роден град првпат насетија дека нешто сериозно се случува меѓу овие млади момци и девојки – истакнуваат од независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“, кои се одговорни за организирањето на турнејата на „Корка“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 316, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 17-19.1.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот