Коби Брајант постхумно влегува во кошаркарската Куќа на славните

twitter/Comicbook.com

Сите осум финалисти за оваа година ќе станат нови членови во кошаркарската Куќа на славните, јавуваат медиумите во САД.

Според медиумите, нови членови на Куќата на славните во Спронгфилд ќе станат Коби Брајант, Тим Данкан, Кевин Гарнет, Еди Сатон, Руди Томјановиќ, Тамика Качингс, Ким Малки и Барбара Стивенс.

Брајант, Данкан, Гарнет и Кечингс по прв пат се финалисти за влез во Куќата на славните, а да станат дел од неа потребни се 18 од можните 24 гласа.

Вообичаено веста за тоа кои се новите членови на Куќата на славните се објавува за време на фајналфор турнирот од универзитетската НЦАА лига кој ова година требаше да се одржи во Атланта, но поради пандемијата на коронавирусот е откажан.

Коби Брајант на 26 јануари трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Заедно со него загинаа и неговата ќерка Џиана и останатите седум патници. Брајант целата кариера ја помина во ЛА Лејкерс, 18 пати играше на Ол стар натпреварите, пет пати ја освои титулата, два пати беше најдобар стралец во НБА, а во сезоната 2007-08 е избран за МВП на лигата.

Данкан исто така пет пати беше шампион со Сан Антонио спарс, 15 пати играше на ол стар натпреварите и има две МВП награди за играч на сезоната.
Кевин Гарнет исто така 15 пати беше дел од ол стар натпреварот, а има само една титула, таа со Бостон во 2008 година.

Руди Томјанович е легендарниот тренер на Хјустон рокетс со кого освои две титули, во 1994 и 1995 година.

Еди Сатон целата тренерска кариера ја помина во НЦАА лигата предводејќи ги екипите на Креигтон, Арканзас, Кентаки и Оклахома Стејт и е еден од ретките тренери со повеќе од 800 победи во НЦАА лигата.

Тамика Качингс има 10 настапи на женскиот ол стар натпревар, а во 2012 година беше МВП на женската НБА лигата кога нејзиниот тим Индијана ја освои титулата.

Ким Малки во 2000 година влезе во Куќата на славните како кошаркарка, а годинава ќе вчезе и како тренер. Таа го предводеше универзитетот Бејлор до титулата во 2004,2012 и 2019 година.

Барбара Стивенс во кариерата има 1.039 победи и пет пати беше прогласена за најдобар тренер во универзитетската НЦАА 2 дивизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот