Коалиција „Менуваме“: Скопје нема функционален јавен превоз за лицата со попреченост

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Коалицијата „Менуваме” реагира зошто Град Скопје и ЈСП не обезбедуваат пристапен јавен превоз за лицата со попреченост и бараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски на ЈСП со цел надминување на проблемот.

Говорниот синтетизатор за лица со оштетен вид е вон функција и уништен, рампите за оние со телесна попреченост не работат, а автобуските постојки се непристапни. Во македонската метропола, ако имаш попречен вид, телесна попреченост и друга попреченост имаш минимална достапна подвижност, велат од Коалицијата.

Посочуваат дека минатата година понудиле системско решение за по квалитетен, безбеден, навремен превоз за лица со попреченост, но до ден денес нема одговор на нивното барање.

Од „Менуваме” најавуваат дека ќе ги известат сите институции во земјата и странство со цел да престане, како што велат, дискриминацијата кон лицата со попреченост од страна на Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот