Книгата содржи песни и писма напишани од членовите на училишниот клуб „Млади библиотекари“

Книгата „Водопад меѓу две раце“ ќе има промоција во ООУ „Војдан Чернодрински“ во Скопје

Во спортската сала на ООУ „Војдан Чернодрински“ во Скопје, на 26 мај, со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана збирката „Водопад меѓу две раце“ – песни и писма напишани од членовите на училишниот клуб „Млади библиотекари“ под менторство на Дијана Петкова, а во издание на „ПНВ Публикации“.

Проектот „Водопад меѓу две раце“ е инспириран од поетската збирка „Дениција“ на Петре М. Андреевски. Изработен е во учебната 2024/2025 година и е придонес во одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање.

Песните во збирката „Водопад меѓу две раце“ се пресоздавање на песните за Дениција од истоимената збирка на Петре М. Андреевски. Збирката содржи 51 песна и 16 писма. Поделена е на три циклуса.

Песните од првиот циклус „Капе светлина“ се создадени со користење на техниката затемнување на околниот текст, во песните од циклусот „Светлосни преѓи / Постојана убавина“, користена е техниката книжевен колаж, а во третиот циклус „Писмо до сакана личност“, техниката писмо до себеси, а потоа секој напишал писмо до сакана личност.

Збирката ќе ја промовира проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, стихови ќе читаат актерката Христина Цветаноска и учесниците во проектот, а модераторка е Јулијана Величковска.

Средствата од продажбата на книгата ќе се искористат за набавка на новите лектирни изданија за учебната 2026/2027 година, извести Дијана Петкова, ментор на проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот