Насловна корица на книгата „60 Икони на Мајката Божја“

Книга со богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица ќе има промоција во Скопје

Издавачот „Ултра“ ДОО Скопје ја најави промоцијата на книгата „60 Икони на Мајката Божја“ од авторката Аријан де Сен-Марк, која ќе се одржи на 5 март (четврток), со почеток во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност.

Книгата „60 Икони на Мајката Божја“ претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII–XV век.

Делото ги опфаќа клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот теолошки, уметнички и историски контекст, како и нивната улога во византиската и западната традиција.

Книгата нуди длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и духовната димензија на иконите, претставувајќи ја Богородица како централна фигура во христијанската уметност и духовност низ вековите.

Преведувач и уредник на книгата е Тихомир Јанчовски (1967 – 2026) и ова е негово постхумно издание, а промотор на книгата ќе биде проф. д-р Елизабета Димитрова.

Аријан де Сен-Марк е авторка и истражувач посветена на изучување на византиската и средновековната христијанска уметност. Нејзината работа се фокусира на: иконографијата, духовната симболика, културното наследство поврзано со православната традиција, со посебен акцент на претставите на Богородица.

Со ова издание, авторката создава мост помеѓу академската анализа и пошироката публика, правејќи ја темата достапна, разбирлива и релевантна за современиот читател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот