Книга интервјуа посветени на св. Климент Охридски

„Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” е насловена книгата на новинарот и публицист Свето Стаменов, која содржи 16 интервјуа реализирани во серијалот на Македонското радио – Радио Скопје за одбележувањето 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски.

Се работи за разговори со универзитетски професори, македонисти, писатели, богослови, културолози,  познавaчи и почитувачи на грандиозното дело на свети Климент Охридски: Људмил Спасов, Вера Стојчевска-Антиќ, Васил Тоциновски, Димитар Пандев, Александар Прокопиев, Елизабета Димитрова, Маја Јакимовска-Тошиќ, Виолета Мартиновска, Ана Ѓорѓевиќ, Јован Таковски, Ѓоко Ѓорѓевски, Емилија Црвенковска, Трајан Гоцевски, Милан Ѓорѓевиќ и Јован Белчовски.

Во рамки на редовната попладневна програма „Актуелно” и авторскиот проект „Quo vadis” соговорниците на Стаменов ги изложиле своите видувања за одделни аспекти од животниот пат и од творештвото на св. Климент, ученикот на просветителите Кирил и Методиј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот