КМФ Проект е победник на Купот на Македонија во футсал
КМФ Проект го освои трофејот во Купот на Македонија во футсал откако во финалето што се одигра во Гевгелија го совлада КМФ Кеги Моби од Велес со 8:3.
Препорачано
Тимот од Валандово го оправда статусот на фаворит и забележа убедлива победа, а серијата погодоци ја отвори Горан Стојанов во четвртата минута. Три минути подоцна Бојан Јанев зголеми на 2:0 додека третиот гол беше дело на Мартин Тодоровски, а веќе во 10 минута КМФ Проект имаше предност од 4:0, откако Стојанов повторно се запиша меѓу стрелците.
Во 19 минута трет гол на Стојанов за убедливи 5:0, а во последната минута од првото полувреме Трајче Трајков го постигна првиот погодок за КМФ Кеги Моби.
Во продолжението од натпреварот Никола Анчевски зголеми на 6:1, Кирил Ивановски беше стрелец на вториот гол за Велешани.
Во последните 10 минути од натпреварот гледачите во Гевгелија имаа можност да видат уште три погодоци. Анчевски и Ѓорѓи Коцевски беа прецизни за освојувачот на трофејот КМФ Проект додека Ивановски по втор пат се запиша во листата на стрелците за третиот погодок за КМФ Кеги Моби.
Екипата на КМФ Проект за прв пат триумфираше во Купот, а составот од Валандово ја освојува двојната круна по потврдување на првото место во националниот шампионат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
55мин
-
1час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


