„Клуч“ и на Исланд: Се затвораат кафулињата, теретаните и местата за забава

Властите на Исланд денеска наредија затворање на кафулињата, на теретаните и на местата за забава и значително го ограничија бројот на луѓе кои може да се соберат на јавни места во насока на спречување на натамошниот раст на заболени со ковид-19.

На островската држава од денеска се дозволени собири на јавни места до 20 лица, со исклучок на судовите, парламентот и училиштата, соопшти исландското Министерство за здравство. Досегашната мерка за ограничување се однесуваше на 200 лица.

На сила останува и мерката за одржување на социјална дистанца од еден метар додека јавните базени ќе работат со половичен капацитет. Исланд дозволи отворање на кафулињата и теретаните кон крајот на мај, по успешната борба со вирусот, но втората половина на септември донесе забрзан раст на позитивни случаи, како и во други земји на континентот.

Исланд е со популација од 360.000 жители и досега има вкупно 2.980 заразени и 10 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот