Клинички психолог со неверојатна техника на дишење: Ослободете се од стресот за неколку минути

девојка
Фото: Pexels

Клиничкиот психолог Габи Гудиер од Австралија открива дека со помош оваа едноставна техника на дишење за само неколку минути ќе се ослободите од ужасната вознемиреност и ќе се смирите. Имено оваа вежба, која ја нарекува „дишење на сламка“, ѝ станала секојдневна рутина која вклучува вдишување преку нос, а потоа издишување преку сламка, пренесува „Индекс“.

„Клучниот дел во оваа техника е тоа што вашето издишување е подолго од вдишувањето, а така всушност го активирате делот од мозокот што ќе го смири вашиот нервен систем, помагајќи му да го најде многу потребното „копче“ за смирување“, посочува таа.

зен медитација

Метод на дишење кој може да ви помогне да пребродите тешки моменти

 

„Понекогаш имам денови кога се чини дека моите емоционални „копчиња“ се притиснати малку повеќе од вообичаено, кога опсегот на толеранција ми се намалува, а способноста да се смирам изгледа покревка“, раскажува Гудиер.

Веројатно не постои човек кој не се соочил со прилично стресна ситуација која се чини дека го блокира мозокот и целото тело. Но, не грижете се. Иако во тие моменти се чувствувате беспомошно, оваа техника делува и може да ви помогне.

медитација

За почеток, Гудиер препорачува да се практикуваат техники на дишење на отворено.

„Работата е во тоа што ако го користите овој метод во моменти кога ви е најтешко, а никогаш порано не сте го пробале, има веројатност дека нема да биде успешен. Значи, би било добро да започнете да вежбате во моменти кога сте мирни“, вели таа.

За почеток, седнете и вдишете нормално и природно преку нос. Потребно е целосно да издишете преку устата со „стиснати усни како да дишите низ сламка“ или едноставно да користите сламка за пиење. Повторете пет пати по ред, а идеално е да го правите тоа двапати дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот