Клековски се сретна со синдикалци, им кажувал за шансите да се покачат платите во здравството
Во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска се одржа средба посветена на можностите за зголемување на платите во јавното здравство, информираше на „Фејсбук“ директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Препорачано
Како што напиша Клековски, на состанокот присуствувале Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски од Самостојниот синдикат за здравство, како и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостојниот синдикат на Клинички центар. Разговорите биле фокусирани на можните модели за покачување на платите на здравствените работници.
Според директорот на ФЗО, во наредниот период ќе бидат изработени финансиски анализи врз основа на кои ќе продолжи дијалогот меѓу институциите и синдикатите.
На средбата, исто така, било отворено прашањето за утврдување на репрезентативноста на синдикатите во здравството, подготовка на нов колективен договор, како и справување со тужбите на вработените против јавните здравствени установи и последиците што произлегуваат од нив.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
17мин
-
18мин
-
32мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


