Клаудио Раниери ќе биде нов селектор на Италија под еден услов
Италијанската фудбалска репрезентација е без селектор од вчера откако Лучијано Спалети беше отпуштен.
Препорачано
Обесхрабрувачки почеток на квалификациите за Светското првенство за Италијанците по убедливиот пораз од 3:0 во Осло против Норвешка што значеше и крај за Спалети.
Сега прв избор на Италија е Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската позиција во Рома и му ја предаде на Џан Пјеро Гасперини, но идејата на семејството Фридкин е тој да остане во Рим и да учествува во понатамошното функционирање на спортскиот сектор.
Затоа, Раниери е на пресвртница и, како што објавува Џанлука ди Марцио, единствениот излез за него е семејството Фридкин да даде „зелено светло“ за неговата двојна улога. Раниери претходно даде ветување до Рома и сака да го исполни по секоја цена, но повикот во репрезентацијата е нешто што не може да се одбие, па затоа го моли Фридкин за разбирање.
Средбата во Рим ќе се одржи денеска и ситуацијата ќе биде решена наскоро. Доколку Раниери не ја преземе репрезентацијата, Италијанците ќе се свртат кон Стефано Пиоли.


