Фото: ОФМ

Ќерките на ракометар кој освои европска титула со Вардар може да играат одбојка за Македонија

Голем број млади одбојкарки, кои се сметаат за иднината на македонската женска репрезентативна одбојка, се најдоа на поширокиот список на новиот селектор Милош Гавриловиќ.

Меѓу нив се и сестрите Даниела и Сара Горбок, кои настапуваат за Газели волеј во домашното првенство.

Тие се ќерки на поранешниот руски ракометар Сергеј Горбок, кој настапуваше за Вардар и беше дел од тимот што ја освои втората европска титула во 2019 година. Долги години живеат во Македонија, имаат македонско државјанство, а според правилата на ФИВБ, Одбојкарската федерација на Македонија им е матична федерација. По добрите настапи во првата прволигашка сезона, следуваше и повик во националниот тим.

Сестрите велат дека брзо се вклопуваат во репрезентативната средина и се пријатно изненадени од повикот.

„За нас беше големо изненадување кога го добивме повикот, но го прифативме со драго срце. Благодарни сме што сме поканети да сме дел од сениорската репрезентација на Македонија. Се радуваме што селекторот смета на нас“, вели Сара, додека Даниела додава: „Навистина сме среќни и тука сме за да покажеме што знаеме и што можеме. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас и да покажеме дека стручниот штаб може да смета на нас.“

Првото скратување на списокот треба да се случи викендов, по што ќе биде познато кои одбојкарки ќе конкурираат за Европската лига 2026. На останатите веќе на стартот им било укажано дека ќе се смета на нив во следни репрезентативни акции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот