Шајло Џоли / Бред Пит и Анџелина Џоли / Фото: JC Olivera / Getty images / Profimedia / EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

ВИДЕО | Ќерката на Аџелина Џоли и Бред Пит копија на мајка си, се појавува во спот на популарна пејачка

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло Џоли (19), се појавува во музичкиот спот за песната „What’s a Girl to Do“ на K-поп пејачката ДаЈанг, а обожавателите веднаш ја забележаа нејзината неверојатна сличност со славната мајка.

Краткиот исечок од спотот е објавен како најава пред официјалното излегување на видеото закажано за 7 април. Во него, Шајло се гледа само дел од секундата, како седи и гледа во далечината.

Обожавателите на социјалните мрежи истакнаа дека очите и усните на Шајло се исти како на Анџелина.

Инаку, Шајло е страсна танчарка која во светот на танцот го користи името „Шај“.

 

Шајло Џоли во спотот на ДаЈонг/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Анџелина Џоли ја доби Шајло со поранешниот сопруг Бред Пит. По нивниот бурен развод, неколку од нивните деца се откажаа од презимето на нивниот татко. Покрај Шајло, двојката ги има и синовите Медокс (24) и Пакс (22), ќерката Захара (21) и 17-годишни близнаци Нокс и Вивиен.

Анџелина лани откри дека нејзините деца не покажуваат интерес за глума.

„Јас не сум заслужна за тоа. Секогаш сакав да бидат блиску до филмот затоа што сакав да знаат какво е да се биде дел од тоа прекрасно семејство на креативци и уметници… Но, тие не се заинтересирани“, изјавила Анџелина тогаш за „Екстра“.

„Нималку не им се допаѓа славата. Шајло особено ја мрази. Мислам дека на еден многу здрав начин разбираат… Тоа не е нормално. Всушност е мошне бесмислено. Да, беа со мене на снимањето. Некои од нив танцуваат, некои сликаат, некои го сакаат театарот, но никој не копнее да се појави на екранот“, заклучила Џоли.

Адвокатот на Шајло Џоли проговори за промената на нејзиното презиме: Одлуката дојде по „болните настани“

ВИДЕО | Неверојатна хемија: Бред Пит и Пенелопе Круз снимија краток филм за „Шанел“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот