Фото: Слободен печат

Ќе се врати ли навиката за патување со воз и која е најследената професорка на Инстаграм? Утре во „Слободен печат“

Има ли надеж да ја вратиме навиката за патување со воз? Дејан Кошутиќ, директор на Железница-транспорт во интервју за „Слободен печат“ вели дека никогаш како досега не била поволна европската агенда за железничкиот транспорт. Тој очекува да го вратиме и меѓународниот патнички железнички сообраќај и довербата во него. Објаснува дека успеале да го стабилизираат товарниот транспорт и тој може да биде профитабилен бизнис.

Како дошла до идејата да ја создаде оваа платформа за изучување англиски јазик? Зошто се одлучила да одржува онлајн едукација, наместо на традиционален начин? Како им помага на студентите да учат англиски јазик? За тоа како да станеш успешен во својот домен, зборуваме Марија Мешкова, на јавноста позната како@ZenFluentMaria, најпознатата професорка по англиски јазик во Македонија, за чиј успех сведочат и огромниот број на следбеници на социјалните мрежи, (1.1 милион) каде таа го пласира својот продукт.

Нашата културна обиколка продолжува и денес со посета во Македонската филхармонија или најстарата културна институција во земјава. Поводот е повеќе од голем и значаен, одбележување осум децениско постоење. Дали достојно беше одбележан 80. роденден на Македонската филхармонија? Кој концерт од ја одбележа 2024 година? Какви се плановите за тековната сезона 2024/2025 година? Разговараме со Александар Котевски, директор на Македонска филхармонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот