Ќе се учи со физичко присуство во школите – ако треба, брзо можеме да одиме онлајн, вели Шаќири

Деца ученици со ранци во школски двор / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата.

Непосредната комуникација наставник – ученик, посочи Шаќири, овозможува подобро совладување на наставната материја, поголема контрола врз самите ученици од страна на наставниците и подобро следење на нивната посветеност, полесно детектирање на оние ученици кои во одреден момент имаат потреба од поголема поддршка за дел од материјата и воопшто поквалитетен воспитно-образовен процес.

„Пандемијата делуваше како поттикнувач на дигитализацијата на образованието, и добро е што од тој аспект го унапредивме нашиот образовен систем“, оцени министерот , додавајќи дека сега, доколку треба, лесно може да преминеме на следење на наставата онлајн.

„Ние сме веќе сигурни дека тоа можеме да го овозможиме, токму поради тоа што во изминатиот период се посветивме на дигитализирањето на сферата на образованието“, заклучи министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот