Јајца за Велигден - Фото / Слободен печат / Драган Митрески

Ќе се контролираат јајца, бои за јајца, месо и прехранбени производи – АХВ со засилени контроли во пресрет на Велигден

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна во целата држава. Контролите, како што соопшти, се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.

Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, како и месарници и зелените пазари.

– Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите општи и посебни услови за безбедност на храната. Во однос на боите за јајца и јајцата, покрај условите за чување и складирање и означувањето, акцент ќе биде ставен и на контролите при увоз, при што на местото на истовар на физички преглед ќе подлежи секоја увозна пратка. Со овие активности АХВ превентивно дејствува и обезбедува граѓаните да имаат сигурен пристап до безбедни и квалитетни производи за празничната трпеза. Како одговорна институција, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и одговорни потрошувачи и храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори, кои се под контрола на Агенцијата – се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот