Премин „Влајко“/Фото: „Слободен печат“ - Методи Здравев

Ќе се испитува статиката на „Влајко“, од вторник изменет сообраќаен режим на дел од Партизанска

Во вторник, на 29 јули,  ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае. Поради изведување на стручните мерења ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информираат од Општина Карпош.

Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот „Партизански одреди“, по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршување на првата фаза, ќе следи затворање на сообраќајот во насока запад – исток, кон Центар, исто така по принципот лента по лента. Во оваа пригода локалната самоуправа посочува дека во текот на изведување на работите, сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација и опремата која ќе биде времено поставената, на која ќе биде означено прописното ограничување на брзината на движење од 30 km/h. – велат од Карпош.

Испитувањата на „Влајко“ ќе започнат во вторник во 7.30 часот и се предвидува да се одвиваат  во период од седум работни дена.

Општина Карпош апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се прилагодат кон времениот сообраќаен режим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот