Ќе посакате да го имате: Егзотично растение кое носи позитивна енергија во домот

Фото: Pexels / Markus Winkler

Среќниот бамбус сo латинско име Драцена сандериана (Dracaena sanderiana) е едно од најпопуларните растенија, пред сè затоа што не бара многу грижа.

Принципот на грижа за ова растение е всушност многу едноставен. Како сечено цвеќе се чуваат во вазна со вода која треба да се надополнува еднаш на секои две недели. Водата што се додава треба да биде претходно зовриена, мека, без хлор и со мала содржина на сол. Може да се користи и дестилирана вода.

Среќниот бамбус значително придонесува за убавината на внатрешниот простор. Со својот едноставен изглед, и уште поедноставен начин на одгледување, внесува мир и позитивна енергија во околината.

Фото: Pexesl / teona-swift

Самото име „Среќен бамбус“ зборува за значењето на ова растение во просторот за живеење. Според верувањата и древната кинеска уметност за уредување на просторот, фенг шуи, ова растение ги поврзува главните елементи на животот – водата, земјата, огнот, металот и дрвото и ги доведува во рамнотежа.

Исто така, според Фенг Шуи, важно е да го поставите на вистинското место во просторот. Ако го поставите во источниот дел од домот, ќе донесе здравје во семејството, а во југоисточниот дел ќе донесе позитивна енергија и благосостојба.

Одлично е што ова е многу приспособливо растение. Не бара многу светлина, па успева во потемни простории како ходник, поткровје и бања.

Но, мора да знаете дека неговите лисја можат да пожолтат од премногу директна светлина или хлорирана вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот