Ќе побарам одговор од МНР зошто МРТВ не се емитува во Бугарија, вели Ковачевски

Договорот за пријателство со Бугарија предвидува националните телевизиски канали да емитуваат програма како во Северна Македонија, така и во Бугарија. На прашањето зошто Бугарија не ја емитува програмата на македонската национална телевизија, премиерот Димитар Ковачевски одговори дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи.

Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски.

Пакетот на програми на Бугарската национална телевизија кај нас се емитува преку Македонски телеком.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот