Фото: EPA/PETER KLAUNZER

Рекордот на Дејан Станковиќ ќе биде срушен: Црвена Звезда го договори најскапиот трансфер во својата историја

Црвена Звезда е на чекор од најголемиот трансфер во својата историја. Младиот фудбалски бисер Андрија Максимовиќ, попознат по прекарот „српскиот Меси“, е пред потпис со германскиот Лајпциг, клуб кој успеа да победи неколку европски гиганти во трката за неговиот потпис.

По месеци шпекулации и интерес од клубови како Ливерпул, Јувентус, Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт, Лајпциг се покажа како најконкретен и најбрз во преговорите, па трансферот е практично завршена работа.

Според најавите, германскиот клуб ќе плати 14 милиони евра за неговите услуги, со можност за дополнителни 500.000 евра преку бонуси, додека Црвена Звезда успеала да обезбеди и 10% од следниот трансфер на талентираниот офанзивец.

Со овој трансфер, Звезда ќе го надмине досегашниот клупски рекорд, трансферот на Дејан Станковиќ во Лацио во 1998 година, кој изнесуваше 12.3 милиони евра.

Андрија Максимовиќ е еден од најперспективните фудбалери на Балканот, а заминувањето во Бундеслигата и екипата на Лајпциг во овој момент изгледаат како одличен чекор за неговиот понатамошен развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот