Кирацовски го брани Пауновски: Неговата смена во овој момент би била грешна порака

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, застана во одбрана на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, па на својот Фејсбук профил порача дека тој не треба да биде разрешен. 

„Да се менуваме на подобро, менувајќи го лошото, не доброто!

Да не се разрешува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, туку да се променат критериумите за рамковна распределба на вработените по рамковниот договор.

Административците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, без нивно привилегирање на штета на истиот.

Кога веќе силно се залагаме за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваме оној кој најдоследно ги применува.

Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби“, напиша Кирацовски. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот