Кира Најтли: Проституцијата е единствената професија во која жените заработуваат повеќе од мажите

Instagram

Актерката Кира Најтли отворено зборуваше за „комплексноста“ да се биде жена во модерната ера воедно зборувајќи за нејзината претстојна филмска улога. 35-годишната актерка треба да се појави во новиот филм наречен „Misbehavior“ кој се фокусира на светот на избори за убавина.

Instagram

Додека дискутираше за тоа како се препознала во феминистките прикажани во филмот, призна дека се согласува со движењето и дека исто така е свесна за притисоците со кои се соочуваат жените во современиот свет.

Најтли разговараше за разликата во платите на мажите и жените и посочи дека манекенството и проституцијата се едни од ретките работни места што им овозможуваат на жените поголем приход од мажите.

Instagram

Го прочитав сценариото и секако, потполно се согласив со феминистките од вториот бран“, изјави за магазинот „Stellar“.

Кира, која е повеќе од две децении во филмската индустрија, истакна дека за жал, уште мажите заработуваат повеќе од жените иако „веќе не се зборува за тоа“.

Instagram

Сепак, единствената кариера број еден во светот, каде што жена може да заработи повеќе од маж е манекенство. Или проституцијата… И тоа кажува сè што е потребно да им се каже на младите жени. Начинот на кој изгледате е поважен од она што имате да кажете или она што го мислите. И тоа е светот во кој живееме денес“, изјави Најтли.

Instagram

Актерката во интервјуто истакна дека отсекогаш била воодушевена од женските прашања и се надева дека своето знаење ќе го пренесе на нејзините две мали ќерки.

Instagram

Инспирирана од вистински настани од Движењето за ослободување на жените и изборот на Мис на светот во 1970 година, Кира се приклучува на ѕвездите кои се надеваат дека ќе ја „расветлат“ објективизацијата со која се соочуваат со која се соочувале жените во тоа време, а несомнено, продолжуваат да се соочуваат и денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот