Фото: Принтскрин

Кипар ќе воведе семафори со женски фигури за пешаците

Познатите зелено-црвени силуети што ги водат пешаците низ кипарските улици добиваат нов изглед и нова порака, објави „Катимерини“.

Во средата, Никозија ги претстави првите семафори со женски фигури — дел од поширока владина иницијатива за истакнување на родовата еднаквост во секојдневниот живот. Проектот, што го води Одделот за јавни работи, ќе се прошири и во пет други окрузи – Лимасол, Ларнака, Пафос и слободниот дел на Фамагуста – до крајот на ноември.

На церемонијата на авенијата „Микис Теодоракис“, во близина на Градскиот театар и Кипарскиот музеј, министерот за транспорт Алексис Вафеадес ја опиша промената како „мал чекор со моќна порака“. Новиот дизајн на пешачките семафори, рече тој, потсетува дека „жените се активни, рамноправни учесници во градскиот живот“.

Комесарката за родова еднаквост Џози Христодуулу го нарече проектот конкретен израз на Националната стратегија за родова еднаквост на Кипар. Новите светлосни сигнали, објасни таа, имаат цел да ги предизвикаат вкоренетите стереотипи и да ги направат јавните простори поинклузивни.

„Ова е симболичен гест, но симболите се важни. Тие помагаат да се променат перцепциите, особено кај помладите генерации, за тоа кој припаѓа и кој се гледа во општеството,“ нагласи Христодуулу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот