Кинезите им се закануваат на Американците со контрамерки доколку ги бојкотираат ЗОИ во Пекинг

Зимските олимписки игри во Пекинг треба да есе одржат од 4. до 22. февруари/ фото: EPA-EFE/WU HONG

Кинески владини претставници и организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг им се заканија на Американците со контрамерки доколку се одлучат за бојкот на Игрите кои треба да се одржат во февруари идната година.

Медиумите во САД шпекулираат дека претседателот Џо Бајден во текот на неделава ќе објави дка САД нема да учествуваат на Зимските олимписки игри. Причината за бојкотот на Игрите во Пекинг е кршењето на човековите права на Ујгурите и на другите малцински заедници во Кина.
Кинезите експресно реагираа на ваквите написи преку министерот за надворешни работи, Жао Лиџијан.

– Повикот на бојкот е непотребен и во овој момент може само да ги прекине дијалогот и соработката помеѓу Кина и САД на поголем број теми. Доколку се одлучат на тој чекор, ние сигурно ќе преземеме контрамерки – изјави Лиџијан, не прецизирајќи ги конкретните чекори на Кина во случај на бојкот на САД.

Медиумите во САД најавија дека евентуалниот бојкот би се однесувал само на официјални лица, додека спортистите ќе учествуваат на Игрите во Пекинг кои треба да се одржат од 4. до 22. февруари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот