Кина со реципрочни мерки кон Америка

САД во петокот ги објавија визните ограничувања за сегашни и поранешни функционери на кинеската Комунистичка партија (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводното поткопување на високиот степен на автономија или на човековите права на Хонг Конг.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја информира јавноста дека воведува визни ограничувања за американските граѓани кои „се однесуваат непримерено” во однос на Хонг Конг, откако Вашингтон истото тоа го најави за одредени кинески функционери.

Портпаролот на Министерството, Џао Лианг, изјави дека Кина ги повика САД да престанат да се мешаат во кинеските внатрешни работи во врска со ситуацијата во Хонг Конг и предупреди дека Пекинг ќе реагира со остри контрамерки доколку Вашингтон продолжи со своите активности, пренесуваат британските медиуми.

САД во петокот ги објавија визните ограничувања за сегашни и поранешни функционери на кинеската Комунистичка партија (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводното поткопување на високиот степен на автономија или на човековите права на Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот