Кина со остра критика по телефонскиот разговор меѓу лидерите на Чешка и Тајван

Кинеско знаме/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кина денеска излезе со остра осуда на телефонскиот разговор меѓу новоизбраниот чешки претседател, Петр Павел, и претседателката на Тајван, Каи Инг-вен, бидејќи со тоа ја прекршил политиката на „една Кина”.

-Новоизбраниот претседател на Чешката Република ги игнорираше повторените наши апели и продолжи да ги преминува кинеските црвени линии, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг Мао.

Според портпаролот на кинеското МНР, Павел со тоа го прекршил ветувањето дека ќе се придржува до политиката на „една Кина”, што наводно јавно го кажал за време на изборната кампања.

Новоизбраниот претседател на Чешка вчера разговараше со тајванската претседателка, а нејзиниот кабинет разговорот го означи како „дипломатски пробив”, пишува чешкиот портал seznam.cz.

Павел на својата тајванска колешка и кажал дека Тајван и Чешка ги споделуваат вредностите на слободата, демократијата и човековите права и дека ќе го зајакнат нивното партнерство.

Чешката влада официјално се придржува до политиката на една Кина, но неодамна покажа зголемен интерес за соработка со Тајван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот