КИНА ПРИЗНА: Службите направија пропусти околу коронавирусот

фото: Принтскрин

Но, во изјавата за грешките, Политбирото забележува дека „треба да се направи повеќе за да се следат пазарите и да се дејствува против нелегалната трговија со диви животни”.

Раководството на кинеската Комунистичка партија призна дека имало пропусти во работата на службите при откривање и контрола на коронавирусот во Вухан.

Политбирото повика на „подобрување на националниот систем на здравствена заштита” откако, според највисокиот орган во Кина, се покажале „слабостите и тешкотиите при реакцијата на сегашната епидемија”, пренесува БГНЕС.

Самокритиката уследи откако официјален Пекинг ги критикуваше странските земји, особено САД, за предизвикување непотребна паника, стопирање летови кон Кина и наметнување други ограничувања и предупредувања.

Но, во изјавата за грешките, Политбирото забележува дека „треба да се направи повеќе за да се следат пазарите и да се дејствува против нелегалната трговија со диви животни”.

Од Политбирото, исто така, велат дека не треба земјата да се соочува со ситуација на недостиг на хируршки маски и друга заштитна облека, како што е случајот сега.

Локалните власти во провинциите со население од над 300 милиони луѓе, вклучувајќи ја и најнаселената провинција во Кина, Гуангдонг, неодамна им наредија на сите граѓани да носат заштитни маски на јавни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот