Кикс на Ерменија, не успеа да го победи аутсајдерот Лихтеншптајн

Ерменците полека го губат здивот по одличниот старт во квалификациите/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Селекцијата на Ерменија која е дел од групата Ј у е конкурент на Македонија за второто место кое носи во баражот за пласман на СП 2022 година, направи кикс на домашен терен.

Ерменците кои по првите три кола имаа три победи, во септемвриот циклус не успеа да победи во трите натпревари. По ремито во Скопје и поразот од Германија, Ерменците денеска одиграа само 1:1 против аутсдајдерот Лихтенштајн.

Ерменците поведоа во судиското надополнување во првото полувреме со голот на Мхтаријан од пенал, додека конечните 1:1 ги постави Фрик во 80. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот