Кијану Ривс импресионираше со еден гест – еве како му помогна на 16-годишно девојче
Актерот Кијану Ривс повторно ја докажа својата репутација како најдобар лик во Холивуд откако одговорил на барањето на 16-годишно девојче да ѝ помогне да направи документарец.
Препорачано
Приказната започнала пред пет години, кога тогаш 16-годишната Бјанка Мичел-Авила му испрати е-пошта на агентот на Ривс. Инспирирана од шахистките кои се борат за своето место во спортот доминиран од мажи, каде што 85 проценти од натпреварувачите се мажи, таа сакала да направи документарец за своето патување низ Америка и животните лекции што ги научила од древната игра, пишува „Варајети“.
Клуминацијата на нејзиниот филм требало да биде шаховска игра против позната личност на која ѝ се восхитува, а ѕвездата од „Матрикс“ изгледала како совршен избор. Сега 21-годишната режисерка, во пресрет на премиерата на нејзиниот филм „Играта на лудите жени“, се потсети на својата идеја.
– Помислив: „Знаете што би било лудо? Можам да имам епска игра против Џон Вик“ – рекла таа.
Во својата речиси очајна молба до нејзиниот агент, таа напишала: „Знам дека е многу зафатен и можеби нема време да биде вклучен во нешто толку мало, но навистина сакам да пробам“.
На нејзино изненадување, одговорот на Ривс пристигнала следниот ден наутро.
– Бев трогнат од тонот, амбицијата и визијата за целиот проект во неговиот повој. Потоа, Бјанка и јас разговаравме преку Зум, а впечатокот што го добив од читањето на пораката беше потврден и во мојот разговор со неа – рекол актерот.
Иако нејзината почетна идеја за шаховска партија со Ривс, кој самиот бил во шаховскиот тим на средното училиште, на крајот била отстранета од филмот, актерот се приклучил на проектот како извршен продуцент за да ѝ обезбеди на младата режисерка максимална поддршка.
– Во овој случај, мојата улога како извршен продуцент беше да го ставам моето име зад проектот и да му дадам вредност што, според другите, би можела да помогне во снимањето на филмот – објаснил Ривс.
Мичел-Авила, самата поранешна натпреварувачка во шах, забележа дека Ривс останал активно вклучен во продукцијата, нудејќи ги своите совети и поддршка во тешки времиња.
– Понекогаш сте на состаноци и откривате дека некои луѓе едноставно не ве слушаат. Со него беше сосема спротивното. Знаев дека слушна што зборувам и навистина му беше грижа. Не беше само „Добро, ќе те слушам“, туку „Како можам да ти помогнам?“ – рекла таа.
Документарецот „Играта на лудите жени“ ќе има премиера на 16 април на Филмскиот фестивал во Мајами.


