Киев ќе ги казни Украинците кои помагаат во руските референдуми

Русија референдум/ Фото Viktor Antonyuk / Sputnik / Profimedia

Украинското министерство објави дека „пропагандното шоу во кое Русите распишуваат референдуми на привремено окупираните територии е уште едно руско злосторство“ и го смета за „целосно безвредни“.

Во соопштението објавено утринава, се наведува: „Присилувањето на луѓето на тие територии да пополнуваат некакви документи под закана со оружје е уште едно руско злосторство како дел од агресијата врз Украина. Ваквите дејствија сериозно ги кршат Уставот и законите на Украина, исто како нормите на меѓународното право и меѓународните обврски на Русија“.

„Овој настап нема никаква врска со изразувањето на сопствената волја и нема последици за административно-територијалниот систем на Украина и меѓународно признатите граници. Украина и меѓународната заедница ги осудуваат ваквите постапки на Русија и ги сметаат за безвредни“, се вели во соопштението. .

„Сите граѓани на Украина кои учествуваа во организацијата на овие акции заедно со руските окупатори ќе сносат одговорност во согласност со одредбите на Кривичниот законик на Украина“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

„Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, исто како и Крим, остануваат суверени територии на Украина. Украина има целосно право да го врати својот територијален интегритет со воени и дипломатски средства и ќе продолжи да ги ослободува привремено окупираните територии. Украина никогаш нема да се согласи на каков било руски ултиматум “, рече Украина.

На крајот во соопштението, Украина ги повикува ЕУ, НАТО и Г7 „веднаш и значително да го зголемат притисокот врз Русија, што вклучува воведување нови строги санкции и драстично зголемување на воената помош за Украина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот