КИДНАПИРАЊА, ШВЕРЦ И ЕГЗЕКУЦИИ: Во Мексико речиси една деценија беснее војна меѓу мормоните и наркодилерите

Фото: EPA-EFE/LUIS TORRES

Оваа недела бруталниот масакр во Мексико во кој беа убиени девет мормони, од кои шест деца, ја стави во ново светло оваа кревка заедница која веќе со децении се бори да преживее во суровото опкружение. Во „намерниот“ напад по кој е уапсени ривал на наркобосот Хоакин Гузман Ел Чапо, три возила кои припаѓаа на две семејства беа наполенти со куршуми додека патуваа на венчавка во сојузната мексиканска држава Сонора. Додека полиција се уште ги утврдува точните мотиви на напаѓачите, овој настан е само последното поглавје во бруталниот судир на двете групи кој е одбележан со бројни криднапирања и екгекуции, пренесе српски „Блиц“.

За да се заштитат од нападите на наркокартелите, религиозната заедница на мормоните направи мала „тврдина“, каде стражарите поставуваат барикади на патиштата како антитерористички единици, нелегално огнено оружје се шверцува, а обични цивили стојат во кули како стражари во смени по седум часа.

Киднапирања и милионски откупи

Мормонското семејство Ле Барон, полигамна заедница во која мажите имаат повеќе сопруги, првпат се најде на нишанот на опасните наркокартели во 2009 година, пишува еден британски медиум.

Големите куќи и скапите автомобили го привлекоа вниманието на организираните криминални групи. Така, на 2 мај, 16-годишниот Ерик Ле Барон го фатија пет вооружени мажи додека работел на семејниот ранч во Сијера Мадре. Неговиот помлад брат бил испратен за да го извести семејството за неговото киднапирање.

Киднаперите трипати се јавувале за да кажат дека бараат откуп од милион долари – одбивајќи преговори. Вознемиреното семејство разговарало за ангажман на специјалнизирани, но и нелегални „ловци на глави“, пред да побара помош од гувернерот и генералниот обвинител.

– Ако им дадете колаче, тие ќе посакаат чаша млеко. Ако овде не го покажеме нашиот став, само прашање на време е кога тоа ќе биде моето дете – рече тогаш Крег Ле Барон за „Дезерт њуз“.

Одговорот беше моментален. Хеликоптери ги прегледувале улиците додека полицијата очајнички трагала по исчезнатиот тинејџер. Поставени се блокади на патиштата за да се блокираат рутите за бегство. И тогаш се случило чудо, во рок од осум дена, Ерик е ослободен. Сепак, додека кланот славел победа, трагедијата била веднаш зад аголот.

Бенџамин Ле Барон, кој ја предводел кампањата за ослободувањето на Ерик, станал еден од најгласните критичари на картелите. Тој на основал групата „СОС Чивава“ која им помагала на граѓаните да се заштитат од организираниот криминал – но нејзините потписници не останале незабележани.

Два месеци по првиот обид да се изнудат пари од мормоните, камиони со околу 20 членови на картелот – тешко вооружени и облечени како полициски службеници – стигнале пред неговата куќа.

Додека децата на Бенџамин плачеле во куќата, членовите на картелот ги скршиле прозорците и влегле внатре, го заробиле него и неговиот зет Луис Видмар. Возејќи кон периферијата на градот, луѓето од картелот прво ги претепале, а потоа ги егзекутирале.

Набрзо потоа за овие убиства е уапсен Хосе „Ел Рикин“ Ескахеда, еден од наркобосовите кој делува во тој регион.

Изградба на „тврдина“ и шверц на оружје

Жителите на колонијата Ле Барон – град во кој живее клан од 1.000 луѓе, живееле во страв по тие страшни егзекуции.

– Десетина деца помлади од седум години останаа сирачиња по настаните кои се случија таа ноќ – рекол Џулијан Ле Барон за „Вајс“.

Првенствено, сметале дека ќе можат со огнено оружје да им се спротистават на криминалните банди, и велеле дека ќе убиваат десет криминалци за секој убиен Мормон.

Откако сфатиле дека така само ќе се продолжи кругот на крвопролевање, не го направиле тоа, но сепак решиле дека треба да поработат на сопствената самоодбрана. Така, започале да ја спроведуваат една од најсофистицираните невоени безбедносни операции во цело Мексико.

Не едно од највисоките брда со поглед на Колонијата Ке Барон, направиле стражарница за да имаат поглед над клучната рута која се користи за трговија со дрога и која влегува во градот, а со тоа стражарите на заедницата и ден и ноќ имале многу работа.

Барикади, контролни пунктови и блокади на патот биле поставувани во стил на антитерористичките мерки видени во Ирак и Авганистан, а заедницата е претворена во еден вид на тврдина.

Повторно отворање на старите рани

До денес, колонијата Ле Барон останува подготвена. Фрустрирани со строгите закони за оружје во Мексико, тие сами започнале да шверцуваат оружје преку американската граница, отворено пркосејќи и на локалната полиција.

Меѓутоа, владата го поддржа овој мормонски град, дозволувајќи им да воспостават вооружени цивилни патроли.

Сепак, како што покажува масакрот во понеделникот, дури и најдобрите безбедносни напори не им биле доволни. Останува нејасно зошто токму тие две возила беа цел на картелот, но постојат стравувања дека во бруталната војна меѓу картелот „Лос Саласар“ и „Хуарес“ можеби дошло до грешка и дека некој од нив ги заменил мормонските автомобили со нивните ривали.

– Автопатиштата и обичните патишта особено можат да бидат спорни подрачја. Доколку имате смејство кое патува со големо СУВ-возило, веројатно дека тие ќе бидат погрешно сфатени од извидниците или членовите на ривалските криминални групи – рече Касиус Вилкинсон, аналитичар за безбедност.

Мексиско оваа година се соочува со бран на насилство додека владата на претседателот Андреас Мануел Лопес Обрадор се бори да го одржи редот на улиците. Поради тоа, насилството кулминираше со бегството на синот на Ел Чапо минатиот месец, по вооружена престрелка.

– Живееме во воена зона. Но тоа е воена зона со мали деца кои трчаат низ дворовите – рече Џулијан Ле Барон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот