БРУТАЛЕН МЕТОД НА КАРТЕЛОТ: Ова се американските семејства кои по грешка сурово беа ликвидирани во Мексико

Фото: AFP / Profimedia

Најмалку девет членови на американското семејство ЛеБарон, вклучувајќи ги и децата, се убени вчера во напад на северот од Мексико, пренесоа светските медиуми. Во настанот се убиени и близнаци стари само осум месеци.

Непознатите напаѓачи ги убиле сите членови на семејството кое се било поврзано со мормонската заедница која се населила во Мексико пред неколку децении.

Како што објавија медиумите, тие биле запалени живи, а жртвите биле на возраст од осум месеци до 43 години. Убиени се Ронита Мариа ЛеБарон, нејзините осуммесечни близнаци Титус и Тиана, нејзните две други деца Кристал (10) и Хауард (12), Кристина Лангфорд Џонсон, Давна Реј Лангфорд и двете нејзини деца Тревор (11) и Роган (3).

Владата на државата Чивава и Сонора, која граничи со САД, вчера издадоа кратко соопштение во кое се тврди дека е започната истрага за масакарот и се претпоставува дека некои членови на семејството се мртви, додека некои се уште се исчезнати.

Локална мексиканска телевизија прикажа снимки од изгореното возило кое најверојатно им припаѓало ним, а член на семејството Жулиан ЛеБарон рече дека станувало збор за „масакр“, додавајќи дека некои од членовите се запалени живи.

Убиствата се случиле додека тие оделе на венчавка. Седумнаесет членови на семејствата ЛеБарон и Лангфорд тргнале на свадба со своите возила, кога кон нив пукале непознати напаѓачи.

Ранетите членови на семејствата се пренесени во Феникс во болница.

Според Би-Би-Си, постојат сомнежи дека нападот бил спроведен од страна на картел, додека министерот за безбедност на Мексико кажа дека групата најверојатно била нападната по грешка, односно дека припадниците на картелот ги нападнале поради тоа што мислеле дека снаува збор за други луѓе.

Во сојузната држава Сонора на северот на Мексико се случуваат судири на две криминални банди, Ла Линеа, која е поврзана со картелот во Хуарез, и Лос Чапос, која е дел од картелот Синалоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот