Кибрит во саксии - Фото: Фејсбук

Кибрит во саксиите? Со овој едноставен трик растенијата ќе бидат поздрави и побрзо ќе растат

Ставањето кибрит во саксија може да изгледа како суеверие, но зад тоа стои наука. На овој начин можете да одгледате здрави растенија кои ќе цветаат и ќе даваат плодови за кратко време.

Доколку вашите растенија не успеваат иако им обезбедувате доволно светлина и топлина, причината може да биде недостаток на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници кои ги напаѓаат растенијата. Ставањето кибрит во почвата околу растенијата создава идеално опкружување за одвраќање на штетници и може да го надополни внесот на хранливи материи.

Кибритот содржи фосфор-сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железо. Некои видови кибрит исто така содржат црвен фосфор. Сулфурот во кибритот е корисен начин за отстранување штетници без употреба на хемикалии кои можат да бидат штетни за вашето семејство. Калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфекционо средство и пестицид, и се сметаат за безбедни за користење, наведува „Аск Препер“ (Ask Prepper).

Тешко е точно да се знае колку ѓубриво е потребно за растенијата. Најдобро растат со чести мали примени на ѓубриво, па затоа треба редовно да додавате течни или гранулирани ѓубрива. Некои растенија, како бамја, модар патлиџан и пиперки, многу се потпираат на хранливите материи од почвата, но се чувствителни на рамнотежата на хранливите материи и нивната концентрација.

Претераното внесување азот од хемиски ѓубрива може да резултира со зелени листови без пупки. Хемиските ѓубрива понекогаш го стимулираат зелениот раст, оставајќи ги растенијата без плодови.

Користењето кибрит како ѓубриво за растенијата во саксии го елиминира овој проблем. Кога редовно ќе ги полевате растенијата, влагата во почвата ќе ги раствори главите на кибритот, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ќе ги хранат растенијата.

И фосфорот и фосфорниот сесквисулфид во главите на кибритот ја поттикнуваат развојот на пупките. Ставете 10 до 20 кибрити во почвата. Внимавајте главите да бидат добро закопани, но не е потребно да се закопа целиот кибрит. Најдобро место за ставање на кибритот е на половина растојание помеѓу работ на саксијата и стеблото. Не ставајте кибрит премногу блиску до стеблото за да не ги оштетите корените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот