Кетрин Зита – Џонс: Едвај чекам да остарам за да јадам слатки

Profimedia
Фото: Профимедиа

Познатата актерка Кетрин Зита – Џонс истакнува дека се обидува на секој начин да ја зачува својата витка фигура како пред триесет години, што и задава многу мака.

За американско списание Wall Street Journal, таа откри дека не си дозволува многу слатки, но јаде специфична храна, што ја прави сита и не создава зависност.

Sвездата на филмот „Zoro“ изјави дека нејзин сон е да јаде многу слатки кога ќе биде многу, многу стара.

„Кога ќе остарам, ќе започнам да земам многу витамини затоа што сакам да можам да јадам слатки и десерти до крајот на мојот живот“, изјавила актерката и додавајќи:

„Јадам само вистинска храна, затоа што морам. Мојот сон е слатко, засекогаш. Тоа е мојата цел – да јадам колку што сакам“.

Актерката, која порасна во градот Свонси во Велс, верува дека останала иста како и кога била млада ученичка која сакала да ги крши училишните правила и да се шминка за време на часовите.

„Има сѐ уште во мене останато од таа млада девојка од интернатот – онаа што ја испраќаа кај директорот затоа што имаше многу шминка на неа за време на наставата“, заклучува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот