Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас слават 25 години брак: „Разликата во годините беше огромна, никој не веруваше дека врската ќе преживее“
Актерката Кетрин Зета-Џонс (55) проговори за бракот со актерот Мајкл Даглас (80), велејќи дека никој не верувал дека нивниот брак ќе трае. Парот се венчал во 2000 година, а поради големата разлика во годините, многумина се сомневале во нивната врска.
Препорачано
Сепак, двојката докажа спротивното и оваа година ја слават 25-годишнината од бракот. Зета-Џонс рече дека нивниот брак, од кој произлегле две деца, е сè уште полн со „љубов и забава“.
„Во брак сме 25 години, тоа е нешто за славење. А луѓето велеа дека нема да потраеме. Нашиот однос е исполнет со учење, љубов и забава, а самото достигнување на 25-годишнината е навистина возбудливо. Се сеќавам кога моите родители ја прославија својата“, изјави таа за странските медиуми, а пренесе „Дејли мејл“.
Иако е возбудена поради нивната годишнина, Зета-Џонс нема да може да ја прослави со сопругот на тој ден поради нејзините обврски. Таа неодамна работеше на серијата „Венсдеј“ (Wednesday), во која го игра ликот Мортиша Адамс.
„Работев многу оваа година, а тој ми беше голема поддршка. Мислам дека ќе имаме забава околу празниците бидејќи снимам трета сезона. Нема многу слободно време“, рече таа.

Зета-Џонс претходно зборуваше за подемите и падовите во нејзиниот брак, а исто така се осврна и на времето кога се раделија во 2013 година по неговата борба со ракот на јазикот и нејзината дијагноза биполарно растројство. Двојката се смири во 2014 година.
„Невозможно е да немаш подеми и падови кога живееш со истата личност и се будиш покрај неа секој ден. Се будам покрај Мајк речиси 25 години. Обожавам да сум во брак, но тоа е лудост кога навистина ќе размислиш за тоа“, рекла таа.
Додала дека, и покрај некои турбулентни моменти, таа и Даглас се добри еден кон друг, се почитуваат еден со друг и истакнала дека никогаш не се чувствувала како тој да е 25 години постар од неа.
„Се сеќавам како луѓето велеа: ‘Кога ти ќе имаш 50, тој ќе има 75’. Па, тоа е само математика“, рече таа.

Зета-Џонс и Даглас имаат две деца, синот Дилан и ќерката Карис. И покрај проценетото богатство на нивните родители од 360 милиони долари, Дилан и Карис често уживаат во опуштени семејни моменти далеку од рефлекторите. Зета-Џонс претходно изјави дека отсекогаш сакала да биде мајка и го опиша мајчинството како нејзино најголемо достигнување.
„Децата ми се една од најголемите радости во мојот живот“, рече таа.
Додаде дека доаѓањето на децата во нивниот дом ја натерало да сфати колку труд вложиле нејзините родители во нејзиното и воспитувањето на нејзините браќа Дејвид и Линдон.


