Кетрин О’Хара погребана на приватна церемонија на Денот на вљубените, најблиските се збогуваа од актерката
Семејството и пријателите се збогуваа со актерката и комичарка Кетрин О’Хара, која почина на 30 јануари по кратка борба со ракот и белодробна емболија.
Препорачано
Погребот се одржа на Денот на вљубените, 14 февруари во Лос Анџелес. Комеморацијата се одржал во црквата „Св. Мартин од Тур“, а актерката Кели Линч сподели фотографија од памфлетот на Инстаграм.
– Почивај во мир, драга Кетрин – напиша Линч, цитирајќи ја песната на Рејмонд Карвер „Доцен фрагмент“.
View this post on Instagram
– И дали го доби она што / го сакаше од овој живот, и покрај сè? / Јас го добив“. „И што сакаше? / Да се наречеш сакана, да се чувствуваш / сакана на земјата“ – се вели во песната.
Памфлетот содржи фотографија од младата Кетрин како тинејџерка, во карирано здолниште и џемпер, која позира со голема насмевка.
Во неделите по нејзината смрт, бројни колеги и пријатели споделија трогателни пораки. Меколи Калкин, кој почна да работи со Кетрин како деветгодишно дете на филмот „Сам дома“, ѝ оддаде почит на својата филмска мајка со емотивна порака.
Сет Роген, кој неодамна работеше со Кетрин на неговата серија „Студиото“, номинирана за „Еми“, беше скршен од веста за нејзината смрт. Јуџин Леви, нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, се збогуваше не само со неговата колешка од „Шитс Крик“, туку и со близок пријател со кој соработуваше со децении. Многу други ѕвезди, исто така, се збогуваа со актерката.
ВИДЕО | Почина актерката Кетрин О’Хара, мајката на Кевин од „Сам дома“


