ЌЕРКАТА НА РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА ИТНО ОПЕРИРАНА: Доживеала ИСТА НЕСРЕЌА како пред неколку години!

Foto: Željka Dimić

Загребската актерка Луција Шербеџија (46), ќерката на Раде Шербеџија која беше во брак со актерот Филип Гајиќ, во средата итно беше оперирана и како што пренесуваат хрватските медиуми бидејќи таа повторно го скршила колкот.

Поради долгото опоравување кое ќе и биде потребно на актерката одложена е и премиерата на новата претстава на театарот Хотел Булиќ, „Hedda Gabler“, како и дури три претстави во нејзиниот матичен театар ZKM.

View this post on Instagram

Slavi se slaviii..bravo momciii!!! L.M. ❤

A post shared by Lucija Serbedzija (@lucijaserbedzija) on

„На сите во театарот многу ни е жал што на Луција и се случи оваа незгода, сите наши членови од ансамблот се многу поврзани со Луција и работат на дури три претстави заедно со неа, но на сите сега најважно им е се да помине во ред и Луција да закрепне“, порачаа од нејзиниот матичен театар.

„Требаше да глуми во три претстави во нашиот театар, но ќе ги откажеме“, порачаа оттаму.

View this post on Instagram

Sinoc- sad bidla fotku-malena hvala/ ljubavvvvvv

A post shared by Lucija Serbedzija (@lucijaserbedzija) on

Иста незгода со кршење на колк на Луција Шербеџија и се случи и во 2014 година, во текот на летото додека трчала. Тогаш била оперирана на Клиниката за ортопедија во Ловран и по неколку денови започнала да оди со помош на штаки.

Лекарската пракса покажува дека комплетното опоравување и отстранување на штаките трае околу три месеци. Самиот колк зараснува за околу четири недели, но два месеци се потребни за повторно да се прилагоди на оптеретувањата кои доаѓаат при одењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот